FAQ / Автори

Најчесто поставувани прашања од авторот

ЗАМП е организација за колективно остварување на авторските права на музички дела, овластена да издава лиценци за користење на музички дела и да наплатува хонорари за такви намени.

ЗАМП ги остварува правата на музичките автори (композитори, автори на текстови, аранжмани, преводи на текстови и други учесници во создавањето на музичко дело) и носителите на авторски права (издавачи и наследници на авторите).

Не, во ЗАМП текстот може да се регистрира само како дел од музичко дело.

Врз основа на делегирани овластувања, ЗАМП ги собира авторските права од корисниците на музика, а потоа преку систем за електронска евиденција ги дистрибуира до авторите чии дела се користени. Системот за електронска евиденција е детално опишан во Правилник за распределба, кој е донесен од самите автори на Собранието на ЗАМП.

Репертоарот на ЗАМП вклучува секакви музички дела, без разлика на жанр, вид, форма и времетраење.

Scroll to Top