Теренски контролори – Застапници

     Авторите и другите носители на правата на музичките дела договорно го овластиле и го задолжиле ЗАМП да преземе мерки во нивно име со цел да склучи договор со корисниците за користење на делото, да преземе мерки за наплата на надомест од корисниците и да врши контрола во извршувањето на обврските на корисникот. А пред се да евидентираат употреба на музички дела кој не се пријавени во ЗАМП.

Која е работата на контролорот?

   Теренските контролори се одговорни за контрола на извршувањето на обврските на корисниците (како што се угостителски објекти, продавници, организатори на концерти итн.) во име на ЗАМП, а пред се да снимаат употреби кои не се пријавени во ЗАМП.

  Контролорот при контролата му се претставува на корисникот со службена легитимација, му укажува на законската обврска за регулирање на правата на музичките автори и го известува за неговите обврски и одредби од законот т.е. правилникот за тарифа.

  По извршениот увид, контролорот на лице место, пред корисникот го пополнува записникот кој содржи податоци релевантни за пресметката на авторските права кои се наплаќаат според правилникот за тарифа.
Записот се пополнува во два примерока, од кои еден примерок контролорот му го остава на корисникот, а другиот се проследува до ЗАМП.
Доколку дојде до судски спор помеѓу ЗАМП и корисникот, контролорот кој е повикан како сведок е должен на судот да му ги презентира сите утврдени податоци и докази поврзани со обврските што ги има корисникот.

Scroll to Top