ТАНЕЦ

НАЦИОНАЛЕН АНСАМБЛ ЗА МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ

Добредојдовте

Ansamblot Tanec pretstavuva simbol na makedonskiot folklor, tradicija i kultura pove}e od {est decenii, kulturen ambasador koj nesebi~no ja prezentira i spodeluva bogatata makedonska tradicija vo zemjata i vo svetot

ЗА ТАНЕЦ

ТАНЕЦ е првиот професионален фолклорен ансамбл во Република Северна Македонија, кој е формиран во 1949 година со цел да ги собира и негува македонските традиционални песни и игри, народните носии и инструменти, и преку соодветен уметнички израз, сценски да го поставува и претставува она што е највредно од богатата ризница на македонскиот народ. ТАНЕЦ, чие име го симболизира македонскиот народен танц (оро) е амбасадор на македонската народна уметност и култура каде и да се појави – без разлика дали е на најоддалечените континенти или меѓу неговите сонародници и во странство и дома. Како конзерватор на уметноста и жив и подвижен музеј на нашето културно богатство. Танец ја шири низ светот убавината на македонските танци и песни, оставајќи свој белег на сцените во Азија, Америка, Австралија, Африка и секаде низ Европа. Во текот на своите 72 години од своето постоење, ТАНЕЦ има учествувано на повеќе од 5000 концерти и фестивали, пред преполните концертни сали во: Њујорк, Сиднеј, Мелбурн, Тел Авив, Рим, Париз, Лондон, Монтреал, Торонто, Аделаида, Мелбурн … Ансамблот не препознава ниту граници, ниту растојанија. Се чувствува како дома насекаде и вратите му се широко отворени каде и да оди.
 
1 +
Настапи
1
Играорци
1
Вокални изведувачи
1
Инструменталисти